Љубов и секс

Начинот на бакнување говори многу за вашиот партнер

21. септември 2019 - 16:21 | М.С.

Делата говорат повеќе од зборовите. Откријте неколку скриени пораки за вашиот партнер според начинот на кој ве бакнува.

Бакнеж во уста

Брз бакнеж во уста, како што се подразбира, е начин на кој човекот, кој го сака својот партнер или партнерка му кажува „здраво“ или „ќе се видиме подоцна“. Ако партнерот ви покажува љубов кога сте сами, не само пред луѓе, тоа значи дека се радува што сте дел од неговиот секојдневен живот.

Бакнеж во коса

Бакнежот во коса ви кажува дека тој сака да се грижи за вас, да ве заштити. Со бакнеж во косата, мажот ви кажува дека многу му значите.

Бакнеж во рака

Овој бакнеж е начинот на кој флертува вашиот маж. Покрај тоа, ако мажот ве бакнува во рака, со тоа покажува дека има доверба во вас, но и дека сака да привлече внимание - затоа што, необично е да се бакнува некој во рака, освен ако не сте член на кралското семејство.

Бакнеж во врат

Со овој бакнеж, партнерот ви покажува дека има силни чувства кон вас, но исто така е одличен начин да ви кажам дека ве сака, без да каже ниту еден збор.

Француски бакнеж

Францускиот бакнеж е најголемиот доказ дека помеѓу вас постои страст и дека партнерот ве смета за привлечни.

Бакнеж помеѓу очи

Можеби ви изгледа чудно и необично, но со овој гест партнерот покажува чиста љубов.

Бакнеж во чело

Партнерот со бакнеж во чело ви кажува дека тој секогаш е тука за вас, дека ќе ве заштити, дека ја сака вашата душа, не само вашето тело.

Коментирај