Начо искрен: И да ми се јават повторно од Реал, не се враќам таму

Шпанскиот репрезентативец и дете на Реал, 34-годишниот Начо Фернандес, во јули годинава го напушти Мадрид и се преселија во Саудиска Арабија, поточно во клубот Ал Кадисија.

Начо стана член на Реал Мадрид кога имаше 11 години, а си замина на 34 години.

Во интервју за Cope, Начо зборуваше за актуелни теми и се осврна на Златната топка.

„Без сомнение, Вини Жуниор требаше да ја освои Златната топка. Го почитувам Родри, му испратив порака и многу сум среќен поради него. Секако, се конкурираа и Карвахал, Белингам... Во секој случај, за мене лично Вини Жуниор е најдобар во светот“.

Реал Мадрид сезонава има големи проблеми со повреди – Куртоа, Милитао, Алаба, Карвахал, Васкес, Чоамени, Родриго...

„Никој од Реал не ми се јавил. Но, и да ми се јават, не се враќам. Мојата одлука е јасна, не беше прашање дали ќе играм или не. Моето поглавје во Реал заврши. Многу сум среќен во Саудиска Арабија, фокусиран сум на мојот нов тим“.

Начо им сугерира на „Кралевите“ како да ги решат овие проблеми со повредите.

„Би сакал Реал да не купува никого поради сите масовни повреди, туку да се сврти кон играчите од нивната академија. Децата на Реал треба да добијат шанса, а сега е идеалната можност за тоа“.

Кој ќе ја освои Ла Лига оваа сезона?

„Барселона игра одличен фудбал, борбата за шампионската титула ќе биде исклучително возбудлива. Но, јас би се обложил со моите пари дека Реал ќе биде шампион“.

Начо има и 29 настапи за Шпанија, а беше дел од последното ЕУРО на кое стана шампион. Оттогаш нема повик, а официјално не ја завршил репрезентативната кариера.

реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Фудбал

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Read more

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Read more

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе