Живот
24 ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА КРЕАТИВНОСТА

Над 1.000 кампањи пријавени за наградите на фестивалот Golden Drum

12. октомври 2017 - 20:13 |

На адреса на Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum, што ќе се одржи во периодот од 18 до 20 октомври во хотелот Grand Union во центарот на Љубљана, Словенија, годинава пристигнаа голем број на пријавени кампањи. Без разлика на економската и социо-политичката состојба на 38-те земји учеснички, над 1.000 креативни кампањи ќе се натпреваруваат за награда.

27 различни земји, 26 различни агенциски мрежи, односно 117 независни агенции пријавија свои кампањи, кои ќе конкурираат за наградата Golden Dragon.

Од земјите учеснички, Бугарија има најголем раст на пријавени кампањи (250% повеќе споредено со минатата година). Оваа година Русија има најмногу пријавени кампањи (20,8% од пријавените кампањи), а веднаш по неа е Турција (14,1% од пријавените кампањи). Годинава и Италија се придружи на земјите учеснички.

Најголем број на пријави во секцијата Best Piece има во групите А. Film (14,4%), B. Press (13,4%) и C. Out of Home (12,4%), додека пак во секцијата Best Practice, најмногу пријавени има во групата S. Branded content & entertainment (7,4%).

Пријавените кампањи ќе бидат оценувани од 27 светски етаблирани експерти. Претседател на жирито на Golden Drum Best Piece е Бруно Бертели, глобален креативен директор на Publicis Worldwide, додека пак претседател на жирито за Best Practice е Џон Мескал, глобален извршен креативен директор и претседател на McCann Global Creative Leadership Council. Пријавените учесници во делот  Young Drummers ќе бидат оценувани од страна на Тереза Сверакова, главен креативен директор на Y&R Чешка.

Кој ќе ја земе главната награда на фестивалот, ќе откриеме во петок, 20 октомври, кога ќе бидат прогласени победниците.

Повеќе за фестивалот можете да дознаете на www.goldendrum.com.

Коментирај