Над 1,45 милиони заразени со коронавирус во светот, кај нас 617

Во светот досега се регистрирани над 1,45 милиони лицa заразени со новиот коронавирус од кои починати се повеќе од 83,5 илјади, а оздравеле речиси 310 илјади. Кај нас, пак, со вчерашните 18 новозаболени пациенти, вкупната бројка достигна 617, а бројот на починати се зголеми на 30 откако вчера починаа три нови лица меѓу кои и 27-годишната родилка од Куманово која е најмладиот досега починат пациент во земјава од COVID-19. Засега се излекувани 37 лица.

Од новорегистрираните 18 пациенти заразени со COVID-19, 7 се од Скопје,  4 од Прилеп, по 2 од Куманово и Битола, додека по 1 од Кавадарци, Крушево и Кочани. Дури 72 од вкупно 617-те заболени се медицински лица.

Според местото на живеење, досега случаи на COVID-19 се регистрирани во:

261 - Скопје
130 - Куманово
49 - Дебар
38 - Прилеп
29 - Тетово
28 - Струга
20 - Штип
18 - Кочани
10 - Велес
8 - Битола
4 - Гостивар, Радовиш
3 - Кавадарци, Крива Паланка, Крушево, Охрид
- Струмица

На Инфективната клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои с7 се на механичка вентилација. Во болницата „8 Септември“ примени се 4 нови сомнителни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и сомнителни на COVID-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина. Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 со средно-тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни. Во болницата во Битола, исто така, нема прием на нови пациенти. Во моментов има 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет 19, Авицена 22 , Биотек 25  и Фипил Втори (Жан Митрев) 100. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на COVID-19.

Турција вчера попладне со авион на турската армија на земјава ѝ достави помош од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери, 1.000 дијагностички тестови и друг медицински материјал.

Вчера стапија во сила и новите владини мерки, што предвидуваат забрана за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 5 часот наредниот ден, а од викедот што следува на целата територија на земјата ќе биде воведен полициски час од петок од 16 часот до 5 часот во понеделник.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе