Над 170 повредени во судири меѓу Палестинци и израелската полиција во Ерусалим

Повеќе од 170 Палестинци и 6 израелски полицајци беа повредени, повеќето во областа на џамијата Ал Акса во Источен Ерусалим, каде што верници се собраа на последната голема петочна молитва пред крајот на Рамазан.

Избувнаа судири меѓу палестински млади лица кои, според портпаролот на израелската полиција, Васем Бадр, фрлале камења, шишиња и други предмети, и полицајците кои реагирале со гумени куршуми и шок бомби.

Судири имаше и во соседната населба Шеик Џарах, каде што секојдневните вечерни протести против можното иселување на палестински семејства во корист на еврејските доселеници преминаа во насилство во последните денови.

Црвениот крст соопшти дека вчера најмалку четворица Палестинци биле повредени таму.

САД повикаа на „деескалација на тензиите“ и избегнување на иселување на палестинските семејства, а координаторот на ОН за Блискиот Исток, Тур Венеслан, изрази „длабока загриженост“ за ситуацијата и повика на „одговорност и смиреност“.

– Израел е одговорен за опасните случувања во Стариот град, изјави претседателот на палестинските власти Махмуд Абас и повика за состанок на Советот за безбедност на ОН. Исламистичкото движење Хамас, кое има власт во појасот Газа, ги повика Палестинците да останат во областа на џамијата до четврток наутро, кога за муслиманите завршува светиот месец Рамазан.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе