Над 3,8 милиони евра донирани во солидарниот фонд за борба со коронавирусот

Поединци, компании и институции во изминатиот период, заклучно со денеска,  во солидарниот државен фонд за борба со коронавирусот донираа повеќе 3.882.290 евра, соопшти премиерот Зоран Заев на Facebook, по повод 20 Декември – Меѓународниот ден на човечката солидарност. 

– Завршуваме една од најтешките години во постоењето на нашата држава. Се соочивме со планетарна криза која верувам го извади најдоброто од човештвото – солидарноста. Изминатава година секој од нас помага на свој начин на оние кои се најранливи и на кои им е потребна помош. Гест, насмевка, помош да се испазари за оние кои се во изолација, донација, кој колку може. Верувам дека и себе и на останатите им покажавме што значи солидарност на дело. Успеавме да се сплотиме и да функционираме како едно и така треба да продолжиме и во иднина. Преку личен пример ве повикувам кој колку може да донира средства или да избере друг начин и да ја покаже својата љубезност кон сограѓаните. Секој од нас треба да се посвети за да ја надминеме нееднаквоста. Да си подадеме рака како луѓе, како комшии, како пријатели, напиша премиерот.

Во објавата на Заев на неговиот Facebook профил е наведен и линк до листата со донатори за поддршка за справување со коронавирусот: 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе