Околу 40 лица кои се осомничени за поврзаност со џихадистичката група Исламска држава, којашто ја презема одговорноста за терористичкиот напад врз ноќниот клуб во Истанбул во новогодишната ноќ, се уапсени во денеска во турската егејска покраина Измир, пренесуваат турските медиуми.
Како што пренесува агенцијата Dogan, дваесет деца, девет мажи и единаесет жени, повеќето од Источен Туркестан, Дагестан и Киргистан, наводно биле меѓу приведени.
Претходно денеска турската полиција соопшти дека привела 27 лица, меѓу кои и членови на три семејства, кои наводно се поврзани со напаѓачот во истанбулскиот клуб „Reina“ во кој беа убиени 39 луѓе во областа Буча во Измир.
Полициски тимови рано утрото извршиле рации на неколку адреси во Централна Анадолија, во покраината Конја, за приведување на осомничени членови на неколку семејства. Меѓутоа, осомничените не биле пронајдени на посочените адреси, додава агенцијата. Наводно некои од бараните лица побегнале во Измир, напуштајќи ја Буча пред две седмици.
Истовремено, некои турски медиум објавија дека извршителот на терористичкиот напад би можел да биде припадник на туркофоната муслиманска заедница Ујгури, чија татковина е во Кина. Според весникот Haberturk, тој во Турција влегол со семејството со фалсификувани документи.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во интервју за новинската агенција Anadolu изјави дека властите го идентификувале сторителот, но одби да го открие неговиот идентитет.