Над 500 заболени дневно, полициски час во Словенија

Во Словенија се регистрирани 537 нови случаи на коронавирус и министерот за внатрешни работи најави дека утре ќе биде воведен полициски час.

Во последните 24 часа во Словенија биле тестирани 2.637 лица, од кои 537 биле позитивни на коронавирус, односно 20,4 проценти од испитаните, објави денеска Националниот институт за јавно здравје.

Владата на Словенија синоќа повторно прогласи епидемија, а министерот за внатрешни работи денеска изјави дека од вторник во Словенија ќе биде воведен полициски час, кој ќе трае од 21 до 6 часот наутро.

Две лица починале во истиот период, пренесува словенечкиот портал 24UR.

Како што се наведува, во болница се примени 289 лица, од кои 55 се на одделот за интензивна нега.

Ситуацијата во регионите Приморско-Нотрањска и Горишка се влоши, но сè уште не е решено да се стават на црвената листа на карантински региони.

Словенечката влада денес треба да разгледа нови мерки, а портпаролот Јелко Кацин вели дека бројот на пациенти е зголемен во некои делови на земјата, како и дека некои од новите мерки може да бидат воведување карантин од 21 до 6 часот наутро и забрана за собирање повеќе од шест лица. .

Како што рече, ниту една земја во Европа повеќе не е зелена.

Се додава дека претседателот Борут Пахор се очекува вечерва да им се обрати на граѓаните.

Владата на Република Словенија во мај прогласи крај на епидемијата на коронавирус откако бројот на новозаразени секои 24 часа во изминатите 14 дена не беше поголем од 7.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе