Собранието денеска ќе ја започне расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. За расправата има голем интерес. Вчера беа пријавени над 90 пратеници за збор.
Вчера попладнето на седницата дојде и Марко Зврлевски, а беше присутен и заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски.
Разрешувањњто на Зврлевски доаѓа на предлог на Владата и по мислењето на Советот на јавни обвинители.