Тенис

Надал: Федерер е најдобар, но Ѓоковиќ е најтежок ривал

6. декември 2017 - 13:33 | А.С.

Рафаел Надал со години се бори за тенискиот врв со двајца играчи: Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Оваа сезона, во отсуство на српскиот ас, Шпанецот успеа да се врати на тенискиот престол, а во 2018 година се очекува повторно да ги води најтешките битки со нив.

Надал објасни какви противници се двајцата.

Првиот рекет на светот објасни дека Швајцарецот е неприкосновен во тенискиот спорт, што го докажуваат и титулите што ги освоил, и дека бил најдобриот играч против кого се натпреварувал. Меѓутоа, Србинот „на техничко ниво бил непобедлив“ и со него му било најтешко да игра.

„Федерер е најдобриот тенисер во историјата... Дали е најдобриот против кој сум играл? Не знам, можеби неговите титули тоа го докажуваат, но на техничко ниво, кога Ѓоковиќ имаше најдобри резултати, имав чувство дека играм со некој кој е непобедлив“, изјави Надал за „Eurosport“.

Шпанецот рече дека против Ѓоковиќ има негативен скор од 24-26, а против Федерер има 23 победи и 15 порази.

Надал има 16 Грен слем титули, три помалку од рекордерот Федерер, а Ѓоковиќ досега има освоени 12 Грен слем пехари.

Коментирај