Надал го надмина Федерер по победи во „Мастерс“ турнирите

Монтреал, 9 август 2019 (МИА) – Рафаел Надал се квалификуваше за четвртфиналето на „Мастерс“ турнирот во Монтреал, откако го победи Гвидо Пеја со 6:3, 6:4 за 1 час и 41 минута.

Така, Шпанецот го престигна својот голем ривал Роџер Федерер во победи на турнири во оваа категорија и сега има 379. Тој е и човекот со најмногу „Мастерс“ титули (34), а доколку стигне до финалето, ќе го надмине Федерер како број 2 на светската ранг-листа.

Надал забележа 7 асови и 3 брејка за да постигне победа што не дојде лесно и покрај резултатот. Тешките услови на теренот поради силниот ветер го направија натпреварот непредвидлив, но Шпанецот на крајот ја задржа ладнокрвноста во важните моменти и се избори за победа.

Во спорот за полуфиналето, Рафа ќе игра со седмотопласираниот Фабио Фоњини. Италијанецот го победи Адријан Манарино со 6: 2, 7: 5.

Еве ги останатите 1/4-финални парови кај мажите:

Гаел Монфис – Роберт Баутиста Агут;

Карен Хачанов – Александар Зверев;

Даниел Медведев – Домински Тим.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тенис

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more

Ѓоковиќ доминантно почна во Монте Карло: Сафиулин немаше шанси

Read more
 

Спорт

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе