Париз, 9 јуни 2019 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Австриецот Доминик Тим во финалето на Гренд слемот „Роланд Гарос“ со 3-1, по сетови 6:3, 5:7, 6:1 и 6:1.
Мечот траеше 3 часа и четири минути.
„Ви благодарам Ролан Гарос за ова неверојатно искуство. 12! Сè уште не можам да верувам во тоа“, напиша Надал на неговиот Twitter профил.
За Надал ова е 12. трофеј на „Ролан Гарос“, што воедно е и рекорд, бидејќи досега ниту еден турнир не бил освоен 12 пати од ист тенисер.
Вкупниот награден фонд во Париз изнесуваше 42,6 милиони евра.