Надал ја загуби лидерската позиција на АТП листата: Не можеш да не играш и да бидеш прв

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал доживеа пораз на земја после речиси една година, со што беше прекината големата низа на непобедливост на оваа подлога, а тој истакна дека многу пропуштил на почетокот на годината и дека тоа е причината поради која го загуби и првото место на АТП листата.

Надал беше поразен од Доминик Тим со резултат од 2:0 во сетови во Мадрид, а според неговото мислење, најважно е дека се чувствува добро и дека поразот не го доживеал поради некоја повреда.

„Не можете да бидете први, а да не играте пет месеци. Од Шангај до Монте Карло не го остварив она што го сакав, зборуваме за период од пет месеци. Минатата година стигнував до финалињата на речиси сите турнири, ова е реалноста до сега. Пропуштив многу работи и навистина немаше да биде реално ако и понатаму бев прв. Сепак, моментално и не размислувам премногу за тоа. Ќе видиме што ќе се случи на крај“, истакна Надал.

„Секако дека повеќе би сакал да бидам прв отколку втор, трет или петти. Го кажав тоа милион пати. Ја загубив лидерската позиција, но среќен сум што се чувствувам добро и што можам да играм на речиси секој натпревар“, заклучи шпанскиот тенисер.

Надал на лидерската позиција на АТП листата би можел да се врати веќе после следниот Мастерс во Рим.

Минатата година, Шпанецот исто така доживеа пораз од Тим, а од тогаш, се до новиот дуел со истиот овој тенисер, освои дури 50 последователни сетови на земја.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more

Сабаленка на терен 72 часа по смртта на момчето и веднаш против најдобрата другарка

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе