Надал ја заврши кариерата: Се збогува и на кирилица

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал соопшти дека се повлекува од професионалното играње тенис.

Надал му се заблагодари на целиот свет на повеќе јазици, употребувајќи и поздрав на кирилично писмо.

„Поздрав до сите. Овде сум да ве информирам дека ставам крај на мојата професионална кариера. Реалноста е дека имав тешки години зад мене, особено последните две.

Мислам дека не би можел да играм без ограничувања. Ова е секако тешка одлука, за која ми требаше малку време да ја донесам. Но, сè во животот има почеток и крај и мислам дека ова е вистинско време да се стави крај на кариерата која беше долга и многу поуспешна отколку што можев да замислам.

Многу сум возбуден што мојот последен турнир ќе биде финалето на Дејвис купот каде ќе ја претставувам мојата земја. Мислам дека го свртев целиот круг, бидејќи еден од првите успеси во кариерата беше играњето во финалето на Дејвис купот во Севиља во 2004 година.

Се чувствувам многу, многу среќен поради сите работи што ги доживеав. Сакам да се заблагодарам на целата тениска индустрија. На сите кои се дел од овој спорт, на сите мои колеги, особено на моите најголеми ривали. Поминав многу часови со нив и доживеав многу моменти кои ќе ги паметам до крајот на мојот живот“, изјави Шпанецот.

Еден од најдобрите на сите времиња

Легендарниот тенисер реши да стави крај на својата тениска кариера која изобилуваше со одлични резултати, што го вбројува меѓу најдобрите тенисери на сите времиња.

Во текот на кариерата Надал освои 22 грен слем титули, од кои 14 ги освои на Ролан Гарос, поради што во текот на целата кариера го доби прекарот „Кралот на земјен терен“.

Освен во Париз, Надал има освоено уште четири пати на УС Опен, а двапати на Австралија опен како и на Вимблдон.

Шпанецот своите најголеми битки ги водеше со Новак Ѓоковиќ (60 дуели со Рафола, против кого одигра најмногу гренд слем финалиња во кариерата, но често споменуваше дека Роџер Федерер сепак му е најголемиот противник (40 меча).

Неговите натпревари против Новак и Роџер ќе се паметат уште многу години, па јавноста со право ги нарече „големата тројка“.

Дури 92 пати играл разни купови за освојување на разни турнири, што е петто во Опен ерата.

Надал својот најдобар тенис го играше во 2008 година, кога на 1 август стана тенисер број еден во светот.

Успешен беше и кога играше во шпанската репрезентација, бидејќи во 2008 година освои златен медал на Олимписките игри во Пекинг, додека беше одликуван со златен медал во конкуренција на двојки на Игрите во Рио де Жанеиро.

Тој беше четирикратен победник на Дејвис купот со Шпанија. Последниот турнир во кариерата ќе го одигра во репрезентативниот дрес, кон средината на ноември.

реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Read more

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Тенис

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

Read more

Свитолина: Би војувала, но вака сум покорисна, собрав 1,5 милиони евра помош

Read more

Ѓоковиќ загуби во првиот меч на Индијан Велс, и тоа од среќен губитник

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Денвер без Јокиќ немоќен против Портланд, Дурент го растури Кливленд

Читај повеќе
  • play_arrow

Може и без Меси – торпедото на Алмада го урна Уругвај

Читај повеќе

Пјастри прв ќе стартува во Кина, Расел пред Норис и Верстапен

Читај повеќе

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Читај повеќе

Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Читај повеќе
  • play_arrow

Брони постигна рекорд во тешкиот пораз на Лејкерс

Читај повеќе

Познато во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Читај повеќе

ИОК има нова претседателка - од Зимбабве

Читај повеќе

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Читај повеќе