Надал категоричен против референдумот за независност на Каталонија

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се спротивставува на намерата на каталонските националисти да се одржи референдум за независност на Каталонија од Шпанија.

„Според мене, секој мора да ги почитува правото и законите. Никој не може да ги прескокне законите само затоа што некому тоа му одговара“, изјави Надал во интервју за мадридскиот весник „Ел Мундо“.

Реакцијата на светскиот тениски ас е сосема поинаква од онаа на поранешниот фудбалер, а сега тренер, Пеп Гвардиола, кој силно го подржува одржувањето на референдумот.

„Каталонците ќе гласаат, дури и ако шпанската држава тоа не го сака“, изјави во јуни годинава поранешниот тренер на Барселона на еден митиг во главниот каталонски град, организиран од сепаратистите.

Локалната каталонска влада во која доминираат националистите одлучи на 1 октомври да се одржи референдум за независност, иако претходно беше предупредувана дека тоа би значело прекршување на законот.

Рафаел Надал е роден и израснат во Мајорка, па тој, покрај шпанскиот, го зборува и каталонскиот јазик.

„Блиски ми се Каталонците, но се сметам себеси и за Шпанец, па затоа не сакам Шпанија да остане без Каталонија“, вели Надал за „Ел Мундо“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе