Мелбурн, 21 јануари 2020 (МИА) – Рафаел Надал го совлада боливискиот тенисер Уго Делиен во првото коло на Австралија Oпен.
Со максимални 3-0 (6:2, 6:3, 6:0) Шпанецот лесно го доби мечот за нешто повеќе од два часа игра.
Во следното коло, ривал на Надал ќе биде победник од дуелот меѓу Аргентинецот Федерико Делбонис и Португалецот Жоао Соуза.
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува од 49 милиони долари.