Надал: Не би играл на УС Опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека нема да игра ако тој во овој момент треба да одлучи за неговото учество на УС Опен во Њујорк.

Надал тренира во Шпанија, и ако не избиеше пандемијата, Ролан Гарос ќе се играше во овој момент и тој ќе се обидеше да го освои рекордниот 13. трофеј на овој турнир, 20-тиот Грен слем турнир во неговата кариера вкупно.

Тој рече дека за да се одржи УС Опен, како и другите тениски турнири, мора да се исполнат два услови, за секој да се увери дека ќе бидат заштитени од вирусот и дека секој може слободно да патува низ целиот свет.

– Ако ме прашате денес, ќе кажам дека не би играл. За неколку месеци? Не знам. Се надевам. Да. Но, сепак ќе мора да почекаме да добиеме јасни информации за тоа како ќе се развие вирусот и каква ќе биде ситуацијата во Њујорк за неколку месеци. Њујорк е едно од местата кои се најпогодени од вирусот, одговори Надал за време на видео конференцијата за Associated Press.

Тениските натпревари беа прекинати во март поради пандемијата. ВTA и ATП ги прекинаа натпреварите до крајот на јули најрано. Ролан Гарос е преместен и ќе се одржи во септември наместо во мај, додека Вимблдон беше откажан за првпат по 75 години.

– Не можеме да се вратиме сè додека здравствената состојба не биде целосно безбедна, но исто така и сите играчи од секоја земја да можат да патуваат на турнири и да се натпреваруваат под безбедни услови, додаде Надал.

Одлуката за УС Опен ќе биде донесена за неколку недели, а натпреварувањето треба да започне на 31 август во Њујорк.

– Јас навистина верувам дека мора да бидеме трпеливи, да бидеме одговорни. Мора да бидеме смирени и да ги правиме работите на вистински начин, рече Надал, кој наполни 34 години во средата.

Тој рече дека не допрел рекет повеќе од два месеци, пред неодамна да започне со лесен тренинг.

– Пристапувам многу бавно, чекор по чекор, не играм секој ден и не тренирам многу, додаде Надал.

На прашањето за Ролан Гарос, Надал рече дека тој не е ниту оптимист, ниту песимист за одржување на турнирот.

– Ми недостасува да играм тенис. Ми недостасува да играм на турнирот што најмногу го сакам. Но, во исто време, не размислувам за тоа. Јас сум фокусиран на обидот да го вратам животот во нормала. Првата работа што треба да ја направиме е да се вратиме во нормала, рече Надал.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе