Надал: Не сум опседнат со титулите на Федерер

Монтреал, 7 август 2019 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го прокоментира бројот на Грен слем титули, кои ги има освоено. 33-годишниот Шпанец има 18 титули од „големата четворка“, од кои 12 се од Ролан Гарос. Има само два големи трофеи помалку од носителот на рекордот – Роџер Федерер, кој утре полни 38 години, а неговите шанси да додаде повеќе титули во неговата огромна колекција ќе бидат намалени.

– Сите мислат дека е важно, но тоа е нешто со кое не сум опседнат. Јас сум среќен со тоа што го сторив досега. Секако, би сакал да имам повеќе, но да бидам искрен, не приоѓам на прашањето на овој начин. Ако тоа се случи – фантастично. Но, мојата гледна точка е ако продолжам да бидам конкурентен на најважните турнири, би можел да освојам уште две, три, рече Надал, кој ќе се обиде да освои рекорден 35-ти Мастерс оваа недела во Монтреал.

Шпанецот моментално е број 1 во пласманот со 34, додека светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ (33) и Федерер (28) се втор и трет. Србинот и Швајцарецот ќе го пропуштат турнирот во Канада оваа година.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе