Надал: Не знам дали ќе играм во полуфинале

Oткако се пласираше во полуфиналето на Вимблдон победувајќи со 3:6, 7:5, 3:6, 7:5, 7:6(4) против Американецот Тејлор Фриц во четвртфиналето, Рафаел Надал изјави дека не е сигурен дали в петок ќе може да игра против Австралиецот Ник Кирјос.

Само учеството на Надал на овогодинешниот Вимблдон беше под знак прашалник поради повреда на стапалото, а против Фриц исто така мораше да побара лекарска помош поради повреда на стомачниот мускул. По победата за која му беа потребни четири часа и 20 минути, одличниот Шпанец изјави дека во неколку наврати размислувал да се откаже.

„Не е лесно да се откажеш од Вимблдон иако болката беше силна. Сакав да го завршам натпреварот, се борев, горд сум на фактот што успеав да бидам рамноправен во условите под кои играв. Не знам дали ќе можам да играм в петок. Сега не можам да ви дадам јасен одговор бидејќи не знам што ќе се случи утре. Имам проблеми со стомачните мускули веќе неколку дена, но сега беше најлошо“, изјави Надал.

Подоцна на прес-конференција се осврна на фактот дека неговиот татко му предложил да го прекине натпреварот. „Многу ми е тешко да се откажам од мечот на сред игра. Долго размислував на тоа, ми рекоа дека треба да го предадам, но мразам да го правам тоа. Но, од друга страна, го направив тоа неколку пати во кариерата“, рече освојувачот на 22 Грен слем титули.

„Сега се соочувам со многу работи со кои не сум се соочил претходно, но навикнат сум да играм со болки и проблеми. Денеска не беше најлош ден за тоа. Болката многу се зголеми, но сепак успеав да победам. Ќе видиме што ќе покажат наодите утре.“

Оваа година Надал ги освои Австралија Опен и Ролан Гарос, достигнувајќи вкупно 22 Грен слем титули во кариерата, две повеќе од Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, а уште има шанса да ги освои сите четири големи турнири во иста година.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе