Надал: По Дејвис купот ќе се случи голема промена во мојот живот

Нема да размислувам за пензија, важно ми е само ако можам да ѝ помогнам на Шпанија да го освои новиот Дејвис куп“, изјави шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој наскоро ќе престане да игра.

Легендарниот тенисер, кој во текот на својата голема кариера освои 22 Грен слем титули, од кои неверојатни 14 пати освои на Ролан Гарос, претходно најави дека крајот на Дејвис купот оваа година ќе биде крај на неговата кариера.

„Доколку сум на теренот во Малага, најважно ќе ми биде да ги контролирам емоциите. Не сум во репрезентативниот круг за да се пензионирам, но тука сум да помогнам ако е потребно на пат до освојување на нов пехар, ова ќе биде мојата последна недела, но јас сум во служба на тимот и ја посакувам севкупната победа“, изјави 38-годишниот Надал, кој во текот на својата кариера четири пати го освојуваше ова натпреварување за Шпанија: во 2004, 2009, 2011 и во 2019 година.

Сега првото име на шпанската репрезентација е Карлос Алкарас, а Надал би можел да ѝ помогне на тимот играјќи во двојки за време на Дејвис купот.

„Се чувствувам добро, а емоциите околу заминувањето ќе испливаат на површина дури на крајот. Работам, тренирам и сакам да бидам целосно подготвен ако дојде моментот кога треба да помогнам. По Дејвис купот ќе се случи голема промена во мојот живот. Најдобро е тоа што ќе можам да се збогувам во мојата земја, пред моите навивачи и во кругот на мојата репрезентација“, рече Надал на крајот.

Малага ќе биде домаќин на финалето на Дејвис купот од 19 до 24 ноември, а Шпанија во четврт-финалето ќе игра со Холандија. Останатите четвртфинални двојки се Германија - Канада, Италија - Аргентина и САД - Австралија.

реклама

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Тенис

Историски ден за Ѓоковиќ: Го сруши големиот рекорд на Федерер

Read more

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Read more

Прво изненадување во Австралија: Испадна Циципас, финалистот од 2023

Read more

Невремето направи хаос на Австралија опен

Read more
 

Спорт

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Читај повеќе