Надал со болен пораз се прости од тенисот пред домашните навивачи

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е поразен од Холанѓанецот Ботика ван де Зандшулп со 2:0 во сетови (6:4, 6:4) во четвртфиналето на Дејвис купот што Шпанија го игра против Холандија во Малага.

Надал уште во октомври најави повлекување од тенисот во дуелите со Холандија во Дејвис купот, но крајот беше повеќе од болен.

Пред натпреварот се интонираа државните химни, а Надал беше крајно емотивен, а на неговото лице можеа да се забележат солзи. Во првиот сет Ван де Зандшулп направи брејк на 4:4 и го доби првиот сет со 6:4.

Во вториот рано стекна две брејк топки, по што Рафа успеа да врати една, но немаше шанси за пресврт Надал, кој на збогувањето не беше ниту сенка на поранешниот најдобар тенисер во светот.

Иако постои можност Надал да игра во двојки, што допрва треба да се потврди, сè поизвесно е дека ова му беше последен меч во кариерата.

Во текот на неговата прекрасна кариера, Надал освои 22 Грен слем титули, вклучувајќи 14 на Ролан Гарос. На тоа додаде четири титули на УС Опен и по две титули на Австралија Опен и Вимблдон.

Тој исто така го освои олимпиското злато во Пекинг во 2008 година и 36 титули на Мастерс. Беше дел од најголемото трио во историјата на тенисот заедно со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, а јасно е дека по нивното заминување „белиот“ спорт никогаш повеќе нема да биде истиот.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Read more

Тенис

Историски ден за Ѓоковиќ: Го сруши големиот рекорд на Федерер

Read more

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Read more

Прво изненадување во Австралија: Испадна Циципас, финалистот од 2023

Read more

Невремето направи хаос на Австралија опен

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Читај повеќе
  • play_arrow

Петтолигаш го елиминираше Лион од Куп де Франс

Читај повеќе

Навивачите на Звезда со жестоки навреди го избркаа американскиот амбасадор од Арената во Белград

Читај повеќе
  • play_arrow

Ленард се врати, Клиперс го понижи Бруклин со 59 разлика

Читај повеќе

Македонија и Бразил сензација на стартот на Мундијалот

Читај повеќе

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Читај повеќе