Надал веројатно се враќа на парискиот мастерс

Второто светско тениско име, Рафаел Надал, најверојатно ќе игра на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Париз, кој почнува кон крајот на месецов.

Ова го откри Анхел Луис Которо, првиот човек на медицинскиот тим при Шпанската тениска федерација која со години соработува со носителот на 22 грен слем титули.

Надал неодамна стана татко, а во главниот град на Франција би требало да го одигра првиот официјален натпревар од Лајвер купот каде играше во пар со сега веќе пензионираниот Роџер Федерер.

„Рафа е добар. Тренира нормално и мислам дека ќе одигра одлични турнири до крајот на сезоната“, рече Которо.

На прашањето што е тоа што Надал и на 36 години го држи на врвно ниво, Которо одговори:

„Тајната на неговиот успех се напорната работа, посветеноста и желбата секојдневно да напредува. Надал е еден од најважниоте играчи во историјата на спортот и сите сме среќни што и натаму е на теренот“.

Се очекува Надал по Париз да игра и на завршниот мастерс во Торино. Шпанецот годинава триумфираше на Австралија опен и Ролан Гарос.

Мастерсот во Парис почнува на 29 октомври, а бранител на тронот е Новак Ѓоковиќ.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Read more

Сабаленка елиминирана, го скрши рекетот и замина без поздрав

Read more

Сабаленка откри дека раскинала со Колцов пред да се самоубие: Срцето ми е скршено

Read more

Сабаленка на терен 72 часа по смртта на момчето и веднаш против најдобрата другарка

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе