Надал заплака на збогувањето: Памтете ме не само како тенисер, туку и како добар човек

Холандската тениска репрезентација со победа од 2:1 ја запре Шпанија во четвртфиналето на Дејвис купот во Малага, со што и официјално ја заврши играчката кариера на Рафаел Надал. Во решавачкиот меч холандските двојки Ботик ван де Зандсхулп и Весли Коолхоф ги совладаа Карлос Алкарас и Марсел Гранољерс со 7:6 (7:4), 7:6 (7:3).

„Постигнав повеќе отколку што можев да сонувам, сакам да ме паметат како добра личност. Заврши 20-годишната професионална кариера, во која ме носевте во добрите моменти, а во лошите ме туркавте да продолжам да играм. Ѝ честитам на Холандија за победата. Му честитан и на тимот на Шпанија бидејќи ми дозволија повторно да играм на Дејвис купот, кој не заврши како што сите сакавме. Проживеав многу важни моменти во кариерата со вас, тоа беше привилегија“, рече Надал во својот проштален говор.

Шпанецот во кариерата освои 92 титули, вклучувајќи 22 Грен слем трофеја. Со шпанскиот тим 4 пати го освојуваше Дејвис купот.

„Реалноста е дека човек никогаш не сака да дојде до овој момент, не сум уморен од тенис, но моето тело не сака повеќе да играм и морам да го прифатам тоа. Се чувствувам привилегирано, можам да бидам благодарен што моето хоби ми е професија“, додаде Шпанецот.

Надал истакна дека сака да биде запаметен како добар човек. „Титулите, бројките се таму, луѓето го знаат тоа, но јас би сакал да бидам запаметен како добар човек од мал град во Мајорка кој имаше среќа да има вујко кој беше тениски тренер и одлично семејство кое ме поддржуваше во секој момент. Имам среќа, бидејќи животот ми даде можност да доживеам незаборавни работи благодарение на тенисот“, заклучи Надал.

Remote video URL
реклама

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Тенис

Историски ден за Ѓоковиќ: Го сруши големиот рекорд на Федерер

Read more

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Read more

Прво изненадување во Австралија: Испадна Циципас, финалистот од 2023

Read more

Невремето направи хаос на Австралија опен

Read more
 

Спорт

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Читај повеќе

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе