Надоместоците во СЈО под лупа на државните ревизори

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Надоместоците кои ги земале јавните обвинители вработени во СЈО и сите нивни соработници ќе бидат предмет на ревизија од страна на Државниот завод за ревизија, најави денеска главниот државен ревизор, Максим Ацевски.

На ревизијата ќе работи тим од тројца ревизори од 1 февруари 2020 година.

Направени се неколку состаноци со Јавното обвинителство, посочи Ацевски, и почитувајќи го интересот на граѓаните и сите засегнати страни одлучивме да направиме ревизија на надоместоците.

–  Од 1 февруари 2020 година започнување со работа. Направивме неколку координативни состаноци со претставници на Јавното обвинителство за преземање на целокупната документација. Се работи за документација што има одредена ознака на „класифицирани информации“ и мора да се создадат услови за нивно соодветно чување во нашите простории. Утврден е ревизорскиот тим и ставен е во годишната програма за работа и по завршување на ревизијата ќе бидете соодветно известени, изјави Ацевски.

Прашан што ќе биде предмет на ревидирање, Ацевски, рече дека ќе се проверуваат само надоместоците.

– Јавното обвинителство настапи со конкретно барање. Во суштина бараше да се изврши ревизија на сите надоместоци кои се исплатени на вработените во СЈО и на нивните соработници. Почитувајќи го нивното барање ние постапивме и затоа тоа ќе биде дел на ревизија., изјави Ацевски.

Делегација на Секретаријатот за европски прашања, предводена од Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска оствари работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија, предводени од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе