Наезда на крастави жаби во Тајван: Немаат предатори и испуштаат отров

Тајванските експерти за водоземци, плашејќи се од ширење на инвазивен вид жаби, ги вклучија сите аларми откако жителка на Каотун објавила фотографија од жаба што ја нашла во градината.

Откако фотографијата се рашири на интернет, доброволци од Здружението за заштита на водоземци побрзаа во општината и во близина пронајдоа дури 27 примероци од истиот вид крастави жаби. Тие утврдиле дека се работи за џиновска грбавица, злогласен инвазивен вид кој претходно „косеше“ низ Австралија, Филипините и областите во Океанија, а првично бил вид што го има во Централна и Јужна Америка.

Членовите на Друштвото објаснија дека доаѓањето на видот е опасно од три причини.

Џиновските грбавици се ненаситни предатори, се многу продуктивни во размножувањето и користат отров како одбранбен механизам. Овој отров е исклучително опасен за домашни миленици како што се кучињата, кои можат да ја лижнат или гризнат жабата.

Имајќи предвид дека волонтерите пронашле и значителен број млади, со ригорозно „чешлање“ на градините и оризовите полиња, експертите заклучиле дека видот веќе некое време е на нивна почва.

Иако фармерите во Каотун ги забележале жабите порано, тие никому не го пријавиле нивниот изглед.

„Тајванските фармери позитивно гледаат на жабите затоа што ги ослободуваат посевите од паразити, а исто така се симбол на среќата во земјата“, објасни Донг Хва Јанг Ји-џу, експерт од Националниот универзитет.

„Никогаш не би им паднало на памет дека видот може да биде туѓ и инвазивен“, додаде Ји-џу.

Видот предизвика голема штета на екосистемите во кои се појави надвор од неговото природно живеалиште, бидејќи на повеќето места нема природен непријател.

До 2016 година, на Тајван му беше дозволено да увезува различни видови и да ги продава како домашни миленици. Но, откако оваа практика стана нелегална, повеќето видови кои не се домицилни се одгледуваат и препродаваат нелегално. Експертите веруваат дека џиновските грбавици, кои порано се продавале за сто долари, избегале од некаде или биле напуштени од нивните сопственици. Тие веруваат дека вака настанало ова чудесно ширење.

Овој вид жаба стигна на меѓународната листа на „100 најинвазивни видови во светот“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Читај повеќе