Бизнис

Нафтата поскапе по соборување на американскиот дрон во Иран

20. јуни 2019 - 13:39 | МИА

Цената на нафтата се зголеми за околу три отсто поради ескалација на тензиите на Блискиот Исток откако еден американски официјален претставник изјави дека иранска ракета соборила американски воен дрон.

„Дрон е соборен во меѓународниот воздушен простор над Ормускиот Проток од иранска ракета ‘земја- воздух’“, изјави неименуван американски официјален претставник.

Во претходните извештаи од Иран се наведува дека Националната револуционерна гарда соборила „шпионски” дрон во јужната покраина Хормозган.

Стравот од конфликт меѓу Иран и САД ескалира, а Вашингтон го обвини официјалниот претставник на Техеран за минатонеделниот напад врз танкерите, што Иран остро го негираше.

Сето ова предизвика цената на сировата нафта од типот „брент“ да се зголеми за 1,93 долари или 3,1 отсто на 63,75 долари за барел, откако во еден момент достигна 63,88 долари.

Во исто време, американската „лесна“ нафта (ВТИ) поскапе за 1,73 долари или 3,2 отсто на 55,49 долари за барел.

Коментирај