Нагелсман: Левандовски би бил одличен во НФЛ

Стратегот на Баерн верува дека неговиот најдобар играч одлично би се снашол и во друг спорт, поточно како примач во американски фудбал.

Роберт Левандовски е најдобриот голгетер на Стариот континент за минатата 2020/21 година. И сезонава почна во ист ритам, повторно ќе доминира во Бундеслигата, а како стојат работите, и во Европа.

Неговиот тренер, младиот стратег Јулиан Нагелсман, е толку импресиониран од Полјакот што верува дека со неговите квалитети дури би бил одличен и во сосема друг спорт и тоа во американски фудбал, односно познатата НФЛ.

„Би бил одличен примач. Брз е и физички силен. Во Црвената зона би бил вистинскиот човек за примање на кратки пасови и потоа да направи тачдаун“, тврди Нагелсман за клупскиот официјален канал BayernTV.

Стратегот говореше и за неговата импресионираност од деталните подготовки кои ги прават НФЛ тренерите, каде играчите треба на памет да научат и над 500 различни потези во една сезона.

„Кога еден тренер има такви планови, наредниот ден се наоѓа на насловните страници. Тоа не е нормално, но мислам дека е совршенство да се обидуваш да се подготвиш за секоја ситуација“, вели тој.

Досега неколкумина европски фудбалери, меѓу кои Хари Кејн и Кристиан Фухс, имаат изразено желба некогаш да се пробаат како кикери во НФЛ, користејќи ги своите фудбалски познавања за да донесат екстра поени при тачдаун.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе