Нагорно-Карабах: Не е важно кој прв почна, туку кој стои зад војната

Како што се развива конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија за Нагорно-Карабах, станува сѐ појасно дека зад оваа војна се крие друга – војна на релација Русија-Турција.

Русија има одбранбен сојуз со Ерменија, а Турција ја поддржува својата етничка заедница во Азербејџан. Во регионот Нагорно-Карабак, кој се наоѓа во Азербејџан, поголемиот дел од населението се всушност Ерменци.

Засега никој не може со сигурност да каже кој прв почна во последниот судир на двете држави околу спорниот регион, бидејќи на ова тло конфликтот тлее со децении. Исто така, никој нема јавно да каже дека зад сево ова се крие „војна“ на двајца лидери – рускиот и турскиот. Но, полека станува очигледно дека ако ситуацијата ескалира, тоа ќе ги стави Турција и Русија во многу сериозна позиција, а со нив и остатокот од светот.

Remote video URL

Азербејџан тврди дека е нападнат и во разговорите на претседателот на земјата со светските лидери, тој истакнува дека нивните напади со тешка артилерија се всушност контраофанзива, односно дека Ереван ја почнал актуелната војна и таму треба да се упатат прашањата кога ова ќе заврши.

URL

Од друга страна, ерменскиот премиер Никол Пашинјан тврди дека зад сево ова стои Турција. Според светските новински агенции, тој телефонски разговарал со генералниот секретар на ОН Антониу Гутереш, како и со германската канцеларка Ангела Меркел.

URL

Наводно, разговорот со Гутереш го иницирал токму првиот човек на ОН, барем судејќи по тврдењата на ерменската влада.

„Никол Пашинјан истакна дека за разлика од ескалациите во изминатите години, сегашниот конфликт го карактеризира многу активно и пристрасно делување од Турција и нејзино директно дестабилизирачко присуство во акциите на Азербејџан“, се наведува во соопштението.

URL

Шефот на ОН разговарал и со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и го повикал веднаш да биде прекинат огнот во Нагорно-Карабах.

Баку на 27 септември соопшти дека Ерменија фрлила гранати на позиции на азербејџанската војска, а Ереван тврдеше дека азербејџанските вооружени сили тргнале во офанзива кон Нагорно-Карабах. И двете страни пријавија жртви, вклучувајќи и цивили. И Ерменија, и Азербејџан прогласија вонредна состојба и мобилизација на војската.

URL
реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе