Нагорно-Карабах: Турција е во право, но решението е во рацете на Русите

Смирувањето на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан е незамисливо без Москва, изјави за Deutsche Welle политикологот и експерт за регионот Штефан Мајстер.

Западот има мало влијание врз ситуацијата, додека Турција додава масло на огнот.

„Малку сум изненаден од интензитетот, но не и од фактот дека ситуацијата ескалираше“, вели германскиот политиколог Штефан Мајстер, директор на Канцеларијата на Фондацијата Хајнрих Бел за Јужен Кавказ.

Мајстер за Deutsche Welle наведува дека реториката е заострена со недели, особено од азербејџанската страна. Во претходните недели беше извршена некаква мобилизација и подготовки за нова војна, а на крајот остри тонови стигнаа и од ерменска страна. Значи, беше јасно дека нешто ќе се случи во догледно време.

Според меѓународното право, Азербејџан има право на Нагорно-Карабах и седум други територии кои Ерменците ги анексираа, објаснува Мајстер. Ерменија, од друга страна, инсистира на правото на самоопределување на народот и посочува дека Нагорно-Карабах е претежно населен со Ерменци.

„Азербејџанската влада е особено фрустрирана, имајќи предвид дека преговорите во последните години, од нивна гледна точка, не постигнаа ништо“, објаснува Мајстер.

Клучевите се во рацете на Русите

Парадоксално е тоа што Турција сега е на „вистинската страна“, бидејќи ги поддржува принципите на меѓународното право, но Анкара додава повеќе масло на огнот со реториката и испораката на оружје до Баку, отколку што придонесува за мирно решение, додава германскиот политиколог.

Но, тој посочува дека одлучувачки играч сепак е Москва.

„Таа се гледа себеси во улога на искрен медијатор и се смета за неутрална. Но, неутралноста оди дотаму што Москва, на пример, ги снабдува со оружје двете страни. Од друга страна, Русија има воена база во Ерменија и затоа е заштитник на таа земја. Затоа, без согласност на Москва, ситуацијата нема да се смири и нема да се постигне прекин на огнот “, убеден е Штефан Мајстер.

„Не можам да замислам Турција да сака отворен конфликт со Русија“, додаде тој.

Тој верува дека во одреден момент, Турција ќе попушти, и на крајот Русија повторно ќе се обиде да постигне прекин на огнот меѓу завојуваните страни.

Кога станува збор за можностите на Европа, Мајстер е многу воздржан: „Европската Унија во овој судир кој има огромен потенцијал за конфликт, беше воздржана. Исто е и со Соединетите Американски Држави “.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Свет

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Read more

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Read more

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Read more

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Read more
 

Вести

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе