Најдобриот наставник во светот

Награда од милион долари за наставник кој ја дели платата на сиромашни

Наставникот Питер Табичи е добитник на годинешната Награда за најдобар наставник во светот и на чек од милион долари, пренесува BBC. Станува збор за наставник кој поголем дел од своите примања ги донира за сиромашни деца.

Престижното признание Global Teacher Prize е доделено во Дубаи, а водител на програмата беше познатиот актер Хју Џекмен. Наградата и чекот од милион долари му се врачени на Табичи кој работи како наставник по математика и физика во државно средно училиште во оддалечено и неразвиено место во Кенија.

Тој на доделувањето изјави дека за прв пат патува со авион и дека наградата му претставува голема чест, но и обврска да продолжи да се грижи за децата во училиште во кое има само еден компјутер, а повеќето од учениците се сирачиња.

Тој најави дека парите од наградата ќе ги употреби за подобрување на условите во училиштето, како и за сиромашните во Кенија. Покрај хуманоста на овој наставник, тој е исклучително квалитетен едукатор. Најдобри сведоци за тоа се неговите ученици кои редовно освојуваат награди на натпревари во Кенија на регионално ниво, иако учат во училиште без библиотека, лабораторија и соодветен пристап до интернет.

Претседателот на Кенија, Ухуру Кенјата му честиташе на посветениот наставник и порача дека приказната за Табичи ја претставува приказната за Африка и надежта за новите генерации.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе