Наградени три идејни решенија за новата општинска зграда на Општина Центар

На конкурсот за идејно решение за новата управна зграда на Општина Центар – Скопје, стручната комисија составена од претставници на релевантни институции од струката, образовни институции од областа, како и стручни лица од општинската администрација, избра 3 најуспешни идејни архитектонски решенија од вкупно 13 пристигнати трудови:

Првата награда е доделена за идејното решение под шифрата „НАМАТ“ на: Нина Карангелеска-Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска-Четелева и Кристијан Ристовски.

Втората награда ја доби проектот под шифра „ЧКЛАБ“ на ПЛАТФОРМА ДОО Скопје, со авторите: Емил Јегени, Елена Икономов, Веле Богоевски, Јасна Милојковиќ-Муратовска, Ана Галевска-Момировска, Јосиф Николовски, Ѓоре Миров и Матеа Јегени.

Треторангирано е архитектонското решение под шифра „СЦЕНА“ на: Митко Хаџи-Пуља, Никола Стрезовски, Христина Саљамовска-Трајкова и Теодора Илиевска.

Наградите изнесуваат 750.000 денари за првото место, 400.000 денари за второто место, и 300.000 денари за третото место.

„Избраните три решенија поставуваат темел за изградба на современа и функционална зграда која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и администрацијата“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Со изградбата на планираниот нов комплекс, старите бараки ќе се заменат со современ објект кој ќе ги задоволи потребите на општинската администрација, а локалните жители ќе добијат функционален простор.

Проектот вклучува изградба на подземен паркинг со околу 300 паркинг места и простор за 100 велосипеди, што ќе го реши проблемот со паркирањето во околината.

Герасимовски очекува новата зграда да стане центар на динамична и отворена комуникација, создавајќи простор за зближување на граѓаните.

реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Македонија

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Read more

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Read more

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Read more

Земјотрес во Охрид

Read more
 

Вести

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Читај повеќе

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Читај повеќе

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Читај повеќе

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: Tетовец возел 190 км/ч, а дозволено е 80

Читај повеќе

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Читај повеќе

Што е теоријата Пентагонска пица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов бран израелски напади во Иран

Читај повеќе

Земјотрес во Охрид

Читај повеќе

Сончево време со температура до 33 степени

Читај повеќе