Наја Ривера се удавила за неколку минути, покажа официјалниот извештај

Актерката Наја Ривера беше погребана на 24 јули во меморијалниот парк Форест Лон во Лос Анџелес.

Ривера беше официјално прогласена за мртва на 13 јули, пет дена откако исчезна во водите на езерото Пиру во Вентура Каунти, Калифорнија.

Во официјалниот извештај на судскиот вештак стои дека причината за смртта на Ривера (33) е „давење“ и дека актерката се удавила за само неколку минути.

Исто така се нагласува дека немало никакви други околности што придонеле за нејзината смрт.

Ривера изчезна откако заминала на патување со изнајмен брод во езерото Пиру во Вентура Каунти, Калифорнија. Таа изнајмила брод на три часа и испловила заедно со четиригодишниот син Џоси Дорси.

„Тој и Наја заедно пливале во езерото“, изјави шерифот на Вентура Каунти, Бил Ајуб.

„Детето ни изјави дека Наја му помогнала да се качи на бродот“, додаде шерифот и објасни дека детето потоа им кажало на детективите дека се свртело назад и ја видело мајка си како исчезнува под површината на водата.

„Сметаме дека собрала доволно енергија да го врати детето на бродот, но не и да се спаси себе си“, рече шерифот.

Откако истекло времето на изнајмување на бродот, вработените во агенцијата го нашле бродот на северната страна на езерото, а Џоси бил внатре, заспан, со елек за спасување на себе. Елек за спасување во величина за возрасен, за кој се смета дека бил на Ривера, бил најден на бродот.

Веднаш беше почната истрага и акција за пребарување, но полицијата веднаш се посомнева дека актерката починала во „страшна несреќа“.

На 13 јули спасувачите извлекоа тело од езерото, најдено на дното, заплеткано во подводни грмушки. Подоцна беше потврдено дека телото е на Наја Ривера.

Во езерото Пиру имало неколку случаи на давење во изминативе години и отворена е петиција да се воведе забрана за пливање.

Ривера се прослави со улогата на Сантана Лопез во популарната серија „Glee“ и стана еден од ТВ-симболите на ЛГБТ заедницата откако нејзиниот лик се изјасни како геј во епизодата „I Kissed a Girl“ во 2011 година. Ривера продолжи да ја поддржува и охрабрува ЛГБТ заедницата и во својот приватен живот.

На 2 јули Ривера објави селфи на Instagram со порака што од оваа перспектива звучи како предвесник на трагичниот настан: „Без разлика каква е годината, какви се околностите или проблемите со кои се соочувате, секој ден е благослов. Искористете го до максимум овој ден и секој ден што ви е даден. Никој не може да ни вети дека ќе има утре.“

Тагови
реклама

Што се случува во телото откако ќе земете „вијагра“?

Read more

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Десетте најпонижувачки порази во историјата на Лигата на шампиони

Read more

Како да го зголемите нивото на тестостерон на природен начин?

Read more

Филм & ТВ

Disney го згасна брендот „20th Century Fox“

Read more

Искрен трејлер за „Starship Troopers“

Read more

Научно-фантастичната серија „Raised by Wolves“ доби нов трејлер

Read more

Двејн Џонсон втора година по ред најплатен актер во светот

Read more

Сцена

Disney го згасна брендот „20th Century Fox“

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за „Starship Troopers“

Читај повеќе
  • play_arrow

Научно-фантастичната серија „Raised by Wolves“ доби нов трејлер

Читај повеќе

Двејн Џонсон втора година по ред најплатен актер во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најдобри борбени сцени со Киану Ривс

Читај повеќе

Џаред Лето ќе го глуми Енди Ворхол

Читај повеќе

Антонио Бандерас позитивен на коронавирусот: Роденденот го славам во карантин

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

Среќен роденден, Антонио Бандерас!

Читај повеќе