Извршниот директор на Amazon, Џеф Безос, и неговата жена Мекензи, денеска преку обострано известување објавија дека се разделуваат. Парот беше во брак цели 25 години.
Џеф и Мекензи Безос се запознаа во раните 90-ти, додека заедно работеа во D.E. Shaw. Тие се венчаа набрзо потоа и останаа во брак во наредниот четврт век.
„По долг период на љубовно истражување и пробно разделување, решивме да се разведеме и да ги продолжиме нашите животи како пријатели“, пишува во објавата на официјалниот профил на Џеф Безос.
Во моментов, Џеф Безос е најбогатиот човек во светот и неговото богатство се проценува на преку 137 милијарди долари. Тоа значи дека разводот ќе го чини многу, со оглед на правната пракса во САД, која ги обврзува сопружниците да поделат 50% од заедничкиот имот.
Мекензи Безос е авторка која има напишано неколку книги, меѓу кои најпознати се „Traps“ и „The Testing of Luther Albright“. Парот има четири деца.