Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Лестер, 18 септември 2018 (МИА) - Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештвото да избега од безнадежната иднина, мизерија, глад и насилство. Фудбалот создава огромни можности и, во најмала рака, обезбедува исклучително луксузен животен стил за повеќето професионалните играчи.

Но, тоа не е случај со 20-годишниот Фаик Џефри Болкиа, кој е најбогат играч во светот, иако игра за резервите на Лестер. Неговото богатство, сепак, не е добиено со многу пот на фудбалски терени.

Фаик е внук на султанот од Брунеи, држава со двe минитеритории во северозападниот дел на островот Борнео.

Султанот на Брунеи, е еден од најбогатите луѓе на Земјата, со богатство од над 15 милијарди долари - главно од екстракција на нафта и гас, која се извезува во многу земји, а Фаик може да располага со ова богатство како што сака.

Неговиот татко, Џефри Болкиа, има слава на еден од најголемите плејбои меѓу најбогатите мажи. Неговата финансиска состојба е околу 10 милијарди американски долари и е на чело на државната инвестициска фирма во Брунеи во изминативе 15 години.

Сепак, младиот наследник на тронот е подготвен да ги развие своите фудбалски квалитети. Тој почнува да сонува за професионалниот фудбал од неговите денови како мало момче. Големите финансиски можности на неговото семејство обезбедуваат тестови за некои од најелитните клубови во Премиер лигата - Саутемптон, Арсенал, Челзи и Лестер.

Од 2016 година, Фаик е пријавен за првиот тим на „лисиците“, но се уште не одиграл ни минута за тимот. И покрај милијардите на своите роднини, Фаик продолжува да игра за резервите на Лестер, но со мал успех. Тој се уште нема учество на професионално ниво на клубот, но има девет натпревари за националниот тим на Брунеи, каде има еден постигнат гол.

Фаик имаше чест да биде капитен на неговата земја на турнир во 2017 година, со кој им се помогна на земјите погодени од цунами. Иако игра за Брунеи на национално ниво, Фаик Болкиа е роден во Лос Анџелес во 1998 година.

Сепак останува лојалноста кон татковината и семејството.

„Играв фудбал од мал. Секогаш ми се допаѓаше оваа игра“, вели младиот фудбалер.

Ако авантурата помеѓу Фаик и фудбалот не донесе среќен крај, момчето сигурно нема да остане на улица. Во моментов дури и фудбалот не е во можност да создаде толку богатство, со колку располага Фаик.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе