Најбрз во својата класа: Audi RS3 Performance Edition

Audi RS3 Performance Edition го придвижува добро познатиот 2,5-литарски турбо бензински мотор со пет цилиндри, кој во овој случај развива 410 коњски сили.

Од одделот Audi Sport пристигна уште еден „специјален автомобил“ во ограничена серија, чија основа беше најмалиот модел на Audi што ја носи ознаката RS, а резултат на најновиот развој е RS3 Performance Edition, со кој од Инголштад велат моментално го имаат најбрзиот автомобил во сегментот Ц.

Audi Sport ќе направи само 300 примероци од RS3 Performance Edition, а купувачите кои ќе реагираат навреме ќе можат да избираат меѓу шест бои на каросеријата. Најбрзиот автомобил во својата класа го придвижува познатиот 2,5-литарски турбо бензински мотор со пет цилиндри, кој наместо стандардните 400, развива 410 коњски сили. Вредноста на највисокиот вртежен момент (500 Nm) остана непроменета.

Преносот на моќноста кон двете оски (quattro) се управува со 7-брзински автоматски менувач, а споменатиот потенцијал на моторот е доволен за забрзување од 0 до 100 км/час за 3,8 секунди и максимална брзина од 300 км/час, што се нуди на клиентите кои ќе се одлучат за опционалниот пакет RS Plus Dynamic.

Автомобилот „сквотира“ на бандажи од 19 инчи со гуми Pirelli P Zero Trofeo R, а долгата листа на стандардна опрема вклучува и карбон-керамички сопирачки. издание за кое Audi бара 87.000 евра. Првите примероци ќе бидат доставени до клиенти на почетокот на следната година.

Погледнете го од секој агол во нашата МЕГА ГАЛЕРИЈА.

Remote video URL
Тагови
реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Каде најчесто грешиме со пиењето кафе во текот на денот?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Авто новости

Кошмар за секој камионџија: Овие камиони ќе поминуваат 1.600 километри без возач и без пауза

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Истражувањето разгоре дебата: Дали модерните дизелаши навистина се „позелени“ од електрашите?

Read more

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Кошмар за секој камионџија: Овие камиони ќе поминуваат 1.600 километри без возач и без пауза

Читај повеќе

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Читај повеќе

Истражувањето разгоре дебата: Дали модерните дизелаши навистина се „позелени“ од електрашите?

Читај повеќе

Старт-стоп системите стануваат минато

Читај повеќе
  • filter

Претпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje

Читај повеќе

Нова ера на купување половни возила во ЕУ: Сите ќе добиваат специјални налепници

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто судирите при мала брзина се поопасни? 

Читај повеќе

Брзо или бавно полнење на електричните возила? Драматична разлика во здравјето на батериите

Читај повеќе
  • filter

Новото електрично Twingo во Германија стартува од 13.990 евра

Читај повеќе