Направи чудо за 2,9 секунди

Најбрзиот нокаут во бокс со голи раце

Боксот со голи раце е се попопуларна боречка вештина во последниве години, а BKFC како организација рапидно расте.

Настанот BKFC 69 се одржа синоќа, а на него беше испишана историја бидејќи го забележа најбрзиот нокаут досега во спортот.

Џастин Вотсон го нокаутира Кол Ферел за само 2,9 секунди! Основачот и претседател на BKFC Дејвид Фелдман потврди дека тоа е најбрзиот нокаут досега.

„Неверојатно“, рече тој и покажа стоперка со времетраењето на тепачката. Часовникот покажа 2,90 секунди.

Претходниот рекорд беше три секунди, а го држеше Улисес Дијаз, кој го нокаутира Донелеј Бенедето пред четири години.

Во боксот со голи раце, борбите траат пет рунди од две минути, а боксерите имаат само завои на тупаниците, без ракавици. Затоа, расекотини и повреди се многу чести, поради што често се прекинуваат борбите, кои поради тоа ретко доаѓаат до судиски одлуки.

Тагови
реклама

Останати спортови

Усик откри со кого сака да му биде следната борба

Read more

Биг Дез избркан од Бакс: Тврдел дека се обидува да ослаби, а се здебелил 18 кг

Read more

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Read more

Нов скандал со обложување и местење борби го тресе UFC

Read more
 

Спорт

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе