Најчести грешки поради кои се уништуваат фармерките

Не треба да се нагласува колку на многумина им е важно фармерките да траат што подолго, бидејќи совршени не е лесно да се најдат.

Ставате сешто во џебовите

Џебовите се наменети за ситници, како што се марамчиња или пари. Но, многу луѓе ги заменуваат со чанти и ставаат секакви работи во нив - мобилни телефони, клучеви, кармин, цигари, запалки...

На овој начин, освен што ќе ја изгубат формата, џебовите на некои места толку ќе се истрошат што ќе се појават дупки кои ќе стануваат сѐ поголеми и поголеми.

Пречесто ги перете

Колку повеќе ги перете фармерките, толку повеќе тие избледуваат и материјалот станува потенок и затоа е склон кон кинење, особено на деловите кои се под одреден напор - на пример на колената или задникот.

Најдобро е да ги перете на секои две до три недели, се разбира доколку не се видно валкани. Што се однесува до мирисот, освежете ги така што ќе ги ставите во замрзнувач неколку часа.

Ги перете на превисока температура

Многу луѓе ги вријат, што не е добро за нивната долговечност. Високата температура ја уништува структурата на влакната, па фармерките стануваат посклони на пукање и ја менуваат својата форма.

Доколку сакате долго време да изгледаат како нови, измијте ги на пониска температура, а циклусот на центрифугирање нека биде побавен. Користете детергент за обоени ткаенини. Идеално би било да ги испирете на рака.

Ги сушите во машина за сушење

Воздржете се од ставање фармерки во машина за сушење или на директна сончева светлина во потоплите денови. Високата температура ќе ги уништи и структурата на материјалот и бојата. Наместо тоа, исушете ги полека на собна температура. Исто така, штипките ставете ги на ременот, никогаш на ногавиците.

Агресивно триење на дамки

Ова е голема грешка, бидејќи на местата каде триете, покрај дамката, ќе исчезне и бојата. Наместо тоа, отстранете ги дамките нежно - со посебен производ или домашна смеса. На пример, посипете бебешка пудра на мрсните места и оставете ја неколку часа за да ја впие маснотијата.

Или, нежно тапкајте ја дамката со мешавина од сол и вода. Детергентот за садови помага и при маснотии и други дамки. Ставете малку од него директно на дамката, нежно втријте го во ткаенината, оставете го десетина минути и измијте.

Чување на закачалка

Доколку сакате да ја задржат формата, по миењето и сушењето, превиткајте ги и ставете ги во плакарот. Избегнувајте да ги ставате на закачалка бидејќи сопствената тежина во комбинација со гравитацијата ќе ги истегне, односно ќе им ја промени формата.

Тагови
реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе