Најчести митови за вежбањето во кои не треба да верувате

А.С.
/ 02.07.2022 / 09:26

Кога дури и научниците и истражувачите не можат да дадат точен одговор за тоа колку и како треба да вежбаме за да останеме здрави и во форма, се чини станува сѐ потешко да се мотивираме за да се раздвижиме или да го зголемиме темпото на физичка активност.

Иако во некои области има контрадикторност, за овие три работи нема сомнение дека станува збор за митови што ве спречуваат да го извлечете најдоброто од физичката активност за вашето здравје и форма.

МИТ: Вежбањето не помага во борба против негативните последици од стареењето

ВИСТИНА: Редовното вежбање има поволно дејство на мозокот и на телото што несомнено помага во балансирање на негативните последици од стареењето. Истражувањата покажале дека постарите лица кои се физички активни имаат помалку знаци на потенцијално срцево заболување што се одредуваат со клучни маркери на оштетување во крвта.

Умерената физичка активност никогаш не е на одмет за одржување на здрава форма и флексибилност, на секоја возраст.

МИТ: Забавениот метаболизам е главната причина за дебелеење со текот на годините

ВИСТИНА: Кога станува збор за капацитетот за горење калории, нашиот метаболизам речиси не се „поместува“ по 30-тата година, но тоа значи дека тоа не е вистинскиот виновник за зголемувањето на теината ссо секоја наредна деценија.

Здебелувањето со годините повеќе се должи на навиките за физичка активност, што значи дека ако сакате убаво обликувано тело, ќе треба да се испотите.

МИТ: За да останете во форма доволно е да вежбате еднаш до два пати неделно

ВИСТИНА: Еднаш до два пати неделно нема да биде доволно ако сакате здраво, флексибилно и обликувано тело.

За да добиете вистински резултати треба да вежбате три до пет пати неделно. Не мора сите тренинзи да бидат со ист интензитет, но направете нешто, макар и непрекината прошетка со исто темпо, во времетраење од 30 минути.

реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе