Најчести причини за болка и непријатност при сексуален однос

Појавата на болка, непријатност, пецкање или неудобност за време на сексуалниот однос не е ретка, но во поголемиот број случаи не мора да биде причина за загриженост.

Жените најчесто имаат ваков проблем, но болниот сексуален однос е проблем со кој се соочуваат и 5% од мажите. Најчесто тоа се минливи симптоми предизвикани од некоја моментална состојба, но ако болката или непријатноста се повторува и трае подолго, веднаш консултирајте се со вашиот гинеколог.

 

Недоволната природна влажност на вагината може да биде причина за болен или непријхатен сексуален однос. Намалената влажност на вагината обично е непријатност со која се соочуваат жените во менопауза, но и помлади жени може да се соочат со ваков проблем. Не се двоумете да користите лубрикант при сексуален однос ако чувтвувате сувост. На тој начин ќе ви биде попријатно и повеќе ќе уживате.

Вагинизам е состојба при која ѕидовите на вагината се стегнуваат, со што се оневозможува пенетрација. Причините може да бидат физички и психички. Ако почесто се соочувате со ваков проблем, задолжително посетете го вашиот гинеколог.

Прегруб секс може да биде причина за болка и непријатност. Кожата околу вагината и аналниот отвор е многу чувствителна. Ако сметате дека вашиот партнер прегрубо пенетрира, кажете му го тоа, дури и ако сте љубител на погруба игра.

Може да се појави и алергиска реакција на половите органи од некој козметички препарат што го користите вие или вашиот партнер, како и алергија на емулзијата со која е премачкан кондомот. Ако одеднаш почувтвувате пецкање, болка или грчење, веднаш побарајте помош од лекар.

Бактериска инфекција или ендометриоза. Бактериската инфекција на вагината може да предивика болка или непријатност за време на сексуалниот однос, а ендометриозата има слични симптоми, но трае подолго. Ако за време на сексот почувствувате силни болки слични како менструални, веднаш закажете преглед кај гинеколог.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Љубов и секс

Зошто мажите глумат оргазам?

Read more

Баталете ја 69, секс позата што треба да ја пробате е 77

Read more

Зошто треба да размислите за вклучување секс играчки во вашиот сексуален живот?

Read more

Пет хороскопски знаци кои ги очекува запросување до крајот на годината

Read more
 

Магазин

  • filter

Ратајковски се потстрижи, фановите разочарани: Фризура за баби

Читај повеќе
  • play_arrow

Што треба да правите на секој тренинг за подобри резултати?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучеле јазиците на Викинзите, Ацтеките, Египќаните, Римјаните...?

Читај повеќе

Бонтон vs обичаи: Дали на гости треба да се соблекуваат чевлите?

Читај повеќе

Што да јадете за здрав црн дроб?

Читај повеќе

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Читај повеќе

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Читај повеќе

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Читај повеќе