Фит

Најчести причини зошто болат зглобовите при трчање

3. октомври 2019 - 14:11 | М.С.

Болката во зглобовите е чест проблем на луѓето кои практикуваат да трчаат. Имено, секој чекор кој ќе го направите ги заморува вашите зглобови. Тоа може да доведе до повреда и болки.

Зошто зглобовите болат?

Секој чекор може да влијае на вашите зглобови. Четири главни причини за болка во зглобовите за време на трчање и после трчање се: дисторзија, тендинитис, фрактура, истегнување на лигаментите.

Тендинитис е иритација или воспаление на тетивите. Кај луѓето што трчаат, тендингитисот се појавува поради замор, погрешен избор на опрема, трчање во еден правец и рамни стапала. Вообичаените симптоми на тендинитис се болка и отекување.

Дисторзија на ногата, исто така, може да се случи поради прекумерено трчање, нагло зголемување на километрите, неправилна исхрана и недостаток на витамин Д.

Доколку болката не исчезне набргу после трчањето, не можете да се движите и имате оток, а зглобот е црвен- време е да го посетите лекарот.

Најдобар лек за болните зглобови е одморот. Најдобро е да лежите во првите 24 до 48 часа. Освен тоа, на повреденото место држете лед 15-20 минути, од четири до осум пати дневно.

Погледнете го видеото за да ги избегнете почетничките грешки.

Коментирај