Најчестите заблуди за сексот во брак

Сексот е феномен што најчесто се поврзува со многу заблуди па многумина наместо да уживаат во него, се оптоваруваат со глупости. Дознајте кои се најголемите заблуди за сексот во брак.

Науката често се занимава со истражување на сексуалниот живот на луѓето. Експертите велат дека, иако сексот е многу важен елемент во бракот, и браковите без секс може да опстојат, но под посебни услови.

Според истражувањето на Pew од 2015 година, 61% од Американците сметаат дека задоволувачките сексуални односи се многу важни за успешен брак.

Од резултатите на неодамнешно истражување во Велика Британија, речиси половина од брачните двојки водат љубов еднаш неделно, а 10 проценти имаат секс само два пати месечно.

Одвоивме четири заблуди за сексот во брак:

Заблуда: На првата брачна ноќ сите имаат неверојатен секс

По свадбата и прославата, повеќето се уморни и поднапиени, исцрпени од водењето сметка нивните најблиски убаво да си поминат. Така што, кога сè ќе заврши, сексот на некои не им паѓа на памет, но не мора да значи дека тоа е случај кај сите.

Заблуда: Кога сте во брак, сексуалната желба умира

Постојат многу начини за да разбуди страста во бракот, а една од најдобрите стратегии е пробувањето нови активности. Сексолозите препорачуваат да се одржува интимноста и блискоста меѓу партнерите, без разлика колку често имаат секс.

Пламенот може да го одржувате со тоа што најмалку еднаш дневно ќе се бакнете и прегрнете со саканата личност, а секако може да правите и други работи кои ќе ја зголемат интимноста, како спиење голи, заедничко капење, секси пораки, романтична вечера, секси масажа и слично.

Заблуда: Како што стареете и се здебелувате, помалку сте му привлечни

Во текот на сексот партнерот не ве замислува со 10 килограми помалку, ниту ги забележува вашите маани, туку ужива во моментот со вас. Тргнете ја настрана несигурноста и обрнете внимание на тоа што ве возбудува во кревет.

Мажите се визуелни типови, но поважна им е женската самодоверба. Ако вам ви недостига самодоверба тогаш почнете да работите на себе.

Заблуда: Немате време за секс

Бракот не е само пишување домашни задачи со децата и вршење на домашни активности. Многу е важно да најдете време за партнерот и интимните моменти со него. Утринскиот секс ќе ве освежи и одмори, одличен начин е да го почнете денот на позитивен начин.

Навечер не губете време пред телевизор, ниту пак чувајте го во спалната соба. Истражување на италијанските научници покажа дека паровите кои гледаат телевизија во кревет двапати поретко имаат секс.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Љубов и секс

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Read more

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе