Архитектура

Најчудните места на кои се изградени необични куќи

5. декември 2019 - 18:01 | М.С.

Агата Тороманов е историчар на уметност и дизајн и има напишано неколку книги за дизајн на ентериер и архитектура.

Во нејзината книга „Edgy Architecture: Living in the Most Impossible Places“  ги откри најчудните места на кои луѓето изградиле куќи и кои се извонредно искуство и за сопствениците и за минувачите.

Нова Скотија, Канада

Оваа куќа се наоѓа на брегот во Нова Скотија. Архитектите велат дека во оваа куќа може да почувствувате вртоглавица и чувство дека лебдите во морето.

Нисеко, Хокаидо, Јапонија

Архитектите кои стојат зад оваа архитектура ја изградија оваа куќа во облик на буквата Л за да ја поврзат со ридот. Двете коцки кои стојат една над друга даваат чувство дека целата структура може да падне од планината. Цврстата структура е од армиран бетон.

Калпе, Аликанте, Шпанија

Куќата во Аликанте е изградена на многу стрмен рид. Оваа необична градба е сместена во карпи. Има прекрасен поглед.

Луз, Алгарве, Португалија

Вилата Ескарпа е бел геометриски гигант кој се наоѓа над селото Праја да Луз. Поради строгите правила кои се однесуваат на градење на овој брег, градбата не смее да биде над прагот на претходната куќа, па архитектите нашле идеален начин да ја искористат оваа мала парцела.

Целта била да направат куќа која „лебди“ над пејзажот.

Салобрења, Гранада, Шпанија

Оваа куќа не само што е „закопана“ во ридот, туку и е скриена со кров како од бајките. Нејзиниот облик и текстура наликуваат на кожата на змеј или морски бранови. Куќата има два ката, едниот со дневна соба, а вториот со соби за спиење.

Коментирај