Најчудните суеверија на фудбалерите

Фудбалерите понекогаш се толку внесени во играта, што оставаат впечаток дека немаат живот надвор од фудбалските терени. Сепак, за многумина од нив теренот е само место каде ги заработуваат парите, а надвор од него се сосем различни индивидуалци.

Голем дел од професионалните фудбалери се всушност многу интересни индивидуи кои можат да ве изненадат, само ако ги видите надвор од фудбалските терени.

Пред неколку години целиот состав на Манчестер Јунајтед се потсмеваше на суеверието кое го има Фил Џонс (кое ќе биде споменато подолу), а претходно имавме слушнато и за поранешниот голман на Портсмут, Дејвид Џејмс, и неговата нехигиенска навика да плука по ѕидот пред секој натпревар.

 

Фил Џонс

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед пред натпреварот ги облекува чорапите во различен редослед, во зависност од тоа дали неговиот тим игра дома или на гостински терен. Ако играат на домашен терен, прво го облекува левиот чорап, ако играат на гости, прво десниот.

 

Џон Тери

Уште еден англиски дефанзивец на листата со најчудни суеверија. Тери секогаш седел на истото седиште во клупскиот автобус, од десната страна, покрај прозорецот. Тој еднаш призна и дека од почетокот на професионалната кариера, па до 2005 година ги носел истите костобрани сметајќи дека му носеле среќа, но ги изгубил по еден меч против Барселона.

 

Лоран Блан

Поранешниот тренер на ПСЖ ја искажуваше љубовта према соиграчите на еден чуден, специјален начин. Пред секој натпревар кој го играше за репрезентацијата на Франција, тој ја бакнуваше главата на ќелавиот голман Фабијан Бартез. Тоа беше случај и пред финалето од СП 1998, кога Блан беше суспендиран, а Франција триумфираше против Бразил.

 

Јохан Кројф

Легендарниот играч и тренер на Барселона беше еден од најуникатните играчи што некогаш стапнале на теренот, но беше и човек полн со суеверија. Најинтересно и долготрајно беше неговото суеверие кое го практикуваше пред секој меч, во кое ја плукаше мастиката која ја џвакаше пред натпреварот на противничката половина, точно пред судијата да даде знак дека натпреварот може да започне.

 

Кристијано Роналдо

Актуелниот носител на Златната Топка е и самиот роб на интересно суеверие. Тој инсистира секогаш последен да излезе на теренот и да влезе во него со десната нога, притоа најчесто залетувајќи се во два чекори, по кои следува скок. Ова е негов начин да се мотивира, но и да покаже дека ѕвездата секогаш излегува последна на теренот.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе