Најчудното рафтинг искуство што сте го виделе
Во Јапонија луѓето можат да ги доживеат некои од најчудните животни искуства. Едно од нив е и ова рафтинг искуство кое се прави на традиционален јапонски начин.
Во текот на возењето на сплавови луѓето стојат и се држат за шипки, додека главниот збор го има сплаварот кој весла низ брзата река. Станува збор за метода стара 600 години во Јапонија, која денес привлекува илјадници туристи и авантуристи.