Чек дис аут

Најдебелото дете во светот ослабе 106 килограми

16. април 2019 - 11:39 | Б.С.Б.

13-годишниот Арја Пермана од Индонезија на 11 години тежеше неверојатни 192 килограми, а во меѓувреме успеа да изгуби дури 106 килограми. Но, момчето сега има проблеми со вишокот кожа која ќе мора да му биде хируршки отстранета, пишува Daily Mail.

Момчето, кое некогаш важеше за најдебелото дете во светот, на 10-годишна возраст имаше проблеми со дишењето и движењето. Детето јадеше претежно брза, пржена храна и пиеше газирани сокови.

Животот му беше доведен во опасност поради прекумерната тежина. Токму затоа Арја стана најмладата личност во светот со вграден желудочен бајпас. Детето беше исто така ставено и на строга диета, исхраната му се состои од риба и зеленчук. Благодарение на тоа, денес тежи 86 килограми.

Арја сега тврди дека е многу посреќен од претходно.

„Сега можам да играм фудбал, да се дружам со другарчињата, да си играм и да се капам во реката. Претходно ништо не можев да правам“, вели Арја.

Коментирај