Здравје

Најден е лек за ќелавост, тврдат научниците

24. ноември 2017 - 11:35 | А.С.

Во едно ново истражување спроведено во Јужна Кореја успешно беше тестиран хормон што ја регенерира косата.

Тимот предводен од професор Канг-јел Чои при Универзитетот Јонсеи создаде нов биохемиски препарат што го тестираше на глувци. Во наредните 28 дена се покажал дека препаратот поттикнува раст на нова коса и регенерација на косата.

Препаратот го спречува врзувањето на два протеини што кога се врзуваат го пореметуваат процесот во телото што ја контролира регенерацијата на фоликулите и зараснувањето на рани.

Препаратот спречува да дојде до тие пореметувања и овозможува регенерација.

Во комбинација со валпроинска киселина, влакната растат уште побрзо.

„Го откривме протеинот што го контролира растот на косата и развива нова супстанца што влијае на регенерацијата, контролирајќи ја функцијата на протеинот. Очекуваме новата супстанца да придонесе за развој на лек што не само што ќе го спречи губењето на косата, туку и ќе регенерира оштетени ткива“, вели Чои.

Тимот ќе проверува дали има негативни дејства на препаратот.

Коментирај