Најдена мумија на девојка од 1600 година пред н.е.

Египетски и шпански археолози при ископувања во градот Луксор во јужен Египет, на источниот брег на Нил, најдоа дрвен сандак во кој се наоѓа мумија од 1600 година пред н.е.

Мумијата датира од 17-тата династија на фараонското семејство, а била најдена во дрвен сандак со димензии 175 на 33 сантиметри. Мумијата содржи лошо зачувани останки на девојка за која се претпоставува дека имала 15 години кога починала.

На ушите на мумијата биле најдени спирални бакарни обетки, на рацете два прстена од кои едниот изработен од коски, а другиот бил украсен со сини стаклени перли поврзани на жица на метална основа.

Во едноделниот ковчег од јаворово дрво најдени се четири ѓердани изработени од драгоцени камења во различни бои. Во платнени завои бил завиткан текст со хиероглифи кој го открива идентитетот на мумијата.

Најдени се и чифт црвени кожени сандали со разни мотиви на богови, мачки и розета. Сандалите се стари 3.600 години и се во добро зачувана состојба. Според големината и шарите, се заклучува дека ѝ припаѓале на возрасна жена.

Мумијата во сандакот била положена на десната страна, а археолозите во текот на истражувањето нашле и капела изработена од кал и цигли, како и остатоци од погребни предмети.

Исто така најден е и помал ковчег, поставен спроти капелата, изработен од кал и цигли и врзан со жица.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе