Најдени фосили од желка што била голема колку автомобил

Нови фосили од желки со големина на автомобил беа ископани на локација во пустината Татакоа во Колумбија и областа Урмако од Венецуела.

Се претпоставува дека желката Stupendemys geographicus живеела во областа што денес е Јужна Америка, пред 7 до 13 милиони години.

Првите фосили од ваква желка биле најдени во 70-тите години на 20. век, но овие животни сè уште се мистерија за научниците.

Долги се четири метри, односно биле големи и тешки колку еден просечен автомобил и ги населувале мочуришните предели ширум Јужна Америка, пред да се создадат реките Амазон и Ориноко.

Колку за споредба, денешните џиновски желки растат до 1,5 метри во должина.

Мажјаците имале издолжен преден дел од оклопот, во облик на рог, а длабоките лузни на фосилите укажуваат дека тие биле користени како одбрана против предатори и ривали.

Желките живееле на дното на езерата и реките, заедно со џиновските крокодили, и се хранеле со помали животни, растенија, овошја и семиња.

Нивната големина била клучна во одбраната против другите предатори. Во еден од пронајдените фосили има заглавен скршен заб од крокодил.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе