Најдени коски на летечки рептил со големина на авион

Коски на летечки предатор што живеел пред 70 милиони години и чија омилена храна биле младенчиња на диносауруси, беа откриени во Монголија и некои научници сметаат дека е откриен нов вид птеросаурус.

Фосилот бил најден во пустината Гоби, во местото познато како Немегт Формејшн, каде и претходно биле наоѓани коски на диносауруси.

Научниците сметаат дека коските се на птеросаурус, вид што припаѓа на групата огромни летечки рептили што живееле во исто време со диносаурусите. Тие биле првите ‘рбетници што можеле да летаат и се смета дека биле најголемите летечки животни што некогаш живееле на Земјата.

Најверојатно можеле да одат на сите четири нозе, а крилјата со распон од 11 метри ги користеле како предни екстремитети и со нивна помош го грабале пленот на земја. Поради нивната големина, колку мал авион, се претпоставува дека јаделе помали видови диносауруси или младенчиња на поголемите видови.

Иако научниците уште ги немаат потврдено нивните претпоставки за кој вид точно станува збор, биле фрапирани од големината на најдените остатоци од ‘рбетот.

Палеонтологот Таканобу Цухиу од Универзитетот во Токио, кој бил одушевен од големината на овие животни, изјави дека веднаш сфатил дека би можело да се работи за птеросаурус.

Имајќи предвид дека остатоците од коските на ‘рбетот биле широки 20 сантиметри, научниците тврдат дека животното било со слична големина како двата најпознати видови птеросауруси: Quetzalcoatlus и Hatzegopteryx.

Палеонтолозите ги нашле коските уште во 2006 година и ги пратиле на анализа во Универзитетот во Токио. После тоа се вратиле на наоѓалиштето и нашле уште остатоци. Голем дел од коските биле скршени на мали парчиња, па научниците морале повторно да ги составуваат, за што им било потребно многу време.

Некои научници сметаат дека нашле сосема нов вид на птеросаурус, но за тоа да биде потврдено треба да се направат уште истражувања.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе