Најдено возило на саудискиот конзулат со кое најверојатно било пренесено телото на Кашоги

Турските инспектори имаат нови детали од истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги кој на 2 октомври исчезна од саудискиот конзулат во Истанбул.

Во подземен паркинг во Истанбул најдоа возило на конзулатот на Саудиска Арабија, што според турските медиуми било оставено таму пред две недели. Тие шпекулираат дека ова најверојатно е возилото со кое било пренесено мртвото тело на Кашоги, со оглед на тоа дека неговото тело уште не е најдено.

Полицијата минатата недела ги претресе сите возила на конзулатот во самата зграда, како и резиденцијата на генералниот конзул, но ова возило го наоѓа дури сега.

Турските и саудиските власти водат истрага за саудискиот новинар Џамал Кашоги (59) кој на 2 октомври исчезна откако влезе во конзулатот, а пред неколку дена Саудиска Арабија призна дека тој бил убиен во конзулатот, во тепачка со припадници на службата за разузнавање.

Турските медиуми пишуваат дека Кашоги, гласен и истакнат критичар на саудискиот принц Мохамед бин Салман, бил намерно убиен и расчеречен во конзулатот.

Денеска исто така беше објавена информација дека на денот кога исчезна Кашоги, од саудискиот конзулат во Истанбул излегол припадник на саудиската служба за разузнавање облечен во облеката на новинарот, со лажна брада и диоптриски очила.

Потоа „лажниот Кашоги“ продолжил да се шета низ Истанбул во текот на денот на 2 октомври.

Тој наводно е дел од 15-члениот саудиски тим што се сомничи за смртта на Кашоги. Снимката со маскираниот човек е направена неколку часа откако новинарот последен пат бил виден жив, како влегува во амбасадата.

Човекот од видеоснимката е идентификуван како Мустафа ал Мадани, според турски извор на CNN. Маскираниот човек подоцна бил виден кај Сината џамија во Истанбул, велат турските инспектори.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе